Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Бидејќи е сабота и денеска имаме малку повеќе слободно време, наместо еден ви нудиме два филма. Станува збор за исто филмско остварување, со две продолженија.

Гледајте го  “Now You See Me”!

Двата дела од филмот се снимани по сценарио на Ед Соломон. Првиот дел го режираше Луис Летериер, а вториот дел е режисерско дело на Џон Чу. Во главните улоги се појавуваат Џеси Ејснберг, Марк Руфало, Вуди Харелсон, Мелани Лорент, Исла Фишер, Дејв Франко, Мајкл Кејн, Морган Фриман, Даниел Редклиф.

Приказната ги прати патешествијата на Четирите Јавачи, односно групата на магионичари кои се синоним за Робин Худ, прават спектакуларни шоуа, народот ги обожава, но не и полицијата и неколку богаташи кои им стојат зад грб… Филм за моќта на хипнозата, алчноста, желбата за одмазда…

Филмчиња кои мора да се изгледаат, а откако ќе го погледнете првиот дел, знаеме дека веднаш ќе почнете со вториот… 🙂

Поврзани статии

Back to top button