ЖивотУбави совети

Брз енергетски десерт – килограми минус, енергија плус!

Нема сомнение дека пониската температура го отвара апетитот, но важно е да внимаваме на килограмите и да се фокусираме повеќе на лесни и здрави десерти (без кои, и вие се согласувате, дека не се може!). Затоа подготвивме за вас здрави енергетски бомбици кои ќе можете да ги јадете кога сакате и колку сакате, а и вашите деца ќе ги обожуваат исто така!

Состојки: Една дланка лешници, една дланка овесни снегулки, една дланка сушено овошје (урми, кајсии, смокви, брусница…), цимет, ленено семе и малку ѓумбир.

Подготовка: Помешајте ги (печени или сурови) лешниците со овесните снегулки и сувото овошје, а потоа додадете го семето, циметот и ѓумбирот и направете од смесата бомбици. Ако сакате, можете да додадете во смесата малку екстракт од ванила.

Брзиот енергетски десерт ќе ви биде доволен да го поминете денот полни со енергија и без плус потреба од други слатки задоволства.

Поврзани статии

Back to top button