Од насУбави муабети

Дали бракот и бебето ќе ги решат проблемите кои ги имате во врската?

Многу парови имам околу себе. Многу различни приказни слушам во последно време. Светот, а и луѓето многу се изменети. Се е некако поинаку, се е глума, се е надеж. Знам, од надеж се живее, но сепак треба малце и низ очилата на реалноста да се погледне. Секоја планина своја тежина… На инста и фејс сите се среќни, рози секому цветаат. Живеат за фотки и снепчиња, за мене тоа е жално. Но, најжално ми е што оние најсреќните парови всушност се ептен тажни. Да се среќни и да имаат исполнет живот зар ќе имаат потреба од толку покажување на среќа пред јавноста? Океј е дечки, тажни сте, знаеме, џабе среќа пласирате. Во очите ви се гледа тага! Се тоа разбирам, само едно не можам се уште да сфатам. Како мислите дека ако врската ви е крш, тажна и безнадежна дека со брак или бебе ќе ја оправите? Зар бебето ќе направи повеќе да се почитувате? зарем тогаш ќе започнете да се сакате и да си верувате? Потписот на хартија ќе ја разгори ли љубовта? Прстените на рака ќе ја сменат тагата со среќа? Како при очи слепи сте, жими се. За една врска нормална не ве бидува, вие брак сакате, дете правите. Аман, свестете се. За среќа е потребна љубов, потребно е разбирање а и желба. Не е потребен потпис на хартија, прстен на рака и среќни фотки по социјалните мрежи. Животот може да го живеете и без потпис, да бидете пет пати посреќни од оние кои ради реда влетале во брак, оти годините им дошле, долго заедно биле и слични небулози. Како не сфаќате дека ако сега партнерот се однесува лошо и незаинтересирано кон вас од кога ќе се потпишете на хартија тој толку многу ќе се олабави што ќе стане уште порелаксиран и понезаинтересиран. на сила убавина не бидува, убаво рекла возрасните, ако заедно сега, денес ви е лошо, утре ќе е пекол…Вие си знаете, возрасни сте, ама ептен фантазирате. После животот шлаканици ви удирал ќе кажете, не сами си удирате да знаете. И, еден ден ќе се каете што наместо да живеете вие одбравте да преживувате!

Поврзани статии

Back to top button