Убави дестинации

Остров на кој повторно ќе се родите!

Ве носиме на еден грчки остров кој се простира на Јонско море. Изобилува со стрмни гребени и планинински предели кои дополнително ви овозможуваат уживање во глетката на тиркизното море кое што никого не оставило рамнодушен.

Доколку се одлучите да летувате на овој прекрасен остров препорачуваме воопшто да не се двоумите. Ако сте во можност отпатувајте со автомобил, како би ги посетиле најубавите плажи до кои секое приближување и оддалечување од морето поради стрмнините ќе ве остави без здив.

Кога ќе отидете на Лефкада, задолжителна е посета на плажата Megalipetra,таа го нуди најпрекрасниот поглед на тиркизното море, и секако за оние кои се љубители на бранови токму на оваа плажа ќе може да уживаат поради карпите кои се издигнуваат од морето.

Porto katsiki е плажата која е замена за плажата Egremni (ја потрупа земјотрес) Многуте скали додека стигнете до плажата која е прилично голема ја буди нетрпеливоста да се нурнете во морето.

Kathisma е плажата на островот каде бојата на морето е особено изразена, така што кога пливате имате чувство дека сте во рајот.

Василики, градчето познато по едрењето на даски е најпосетено во топлите периоди поради топлиот локален ветер. Одличен предизвик за сурферите и оние кои сакаат да научат да едрат по ветер, со тоа што имате опција за изнајмување на даски и тренер кој ќе ве научи како да управувате со едрилицата. Покрај едрилици, ќе може да изнајмите и велосипед, па доколку сте вљубеници на планинскиот велосипедизам, Василики нуди одлична можност за тоа.

Нидри, градче што се наоѓа источно од градот Лефкада, кое меѓу посетителите и туристите е познато по неколкуте помали островчиња меѓу кои Мадоуру, пештерата Метаниси, приватното островче на мултимилијардерот Аристотел Онасиз, Спарти, островот на Одисеј, Кефалонија итн. Ако сте љубители на долги прошетки по море со брод, повеќе агенции нудат еднодневни едкскурзии со брод, крстарење по Јонското море и посета на овие локални островчиња. По самиот брег на Нидри, имате на располагање многубројни ресторани и кафулиња каде ќе уживате во вкусовите на традиционалните јадења пропратени со прекрасна глетка кон тиркизот. За оние кои бараат забава и гласна музика Нидри го нуди и тоа. Во вечерните часови па се до зори ќе може да се забавувате на бродовите.

Поврзани статии

Back to top button