ЖивотУбави совети

Никогаш не е доцна да почнете да живеете здрав живот – неколку чекори до здравје!

Никогаш не е доцна да поченете да стекнувате здрави навики и да живеете здрав живот. Па зошто да не почнете уште денес?

  • Наутро на празен желудник испијте чаша вода со лажиче маслиново масло и неколку капки сок од лимон. Водата е основа на животот, маслиновото масло е подмачкувач на цревата, а лимуновиот сок му дава енергија на организмот.
  • Исфрлете го телевизорот од спалната соба. Во овој дел од домот мора да владее мир, единствено така наутро ќе се чувствувате полни со сила.
  • Избегнувајте пијалаци и храна со шеќер. Шеќерот придонесува за зголемување на тежината а таа со себе си носи низа болести, срцеви проблеми и сл.
  • На секој половина час станете од столот. На организмот му е потребно движење. Долг престој во статична поза не предизвикува само умор туку и силна душевна раздразливост.
  • Мерете го притисокот. За него не случајно се вели дека е тивок убиец. Секогаш имајте на ум колкав притисок имате и што треба да превземете.
  • Секој ден мислете на нешто позитивно и добро. Потребно е и секојдневно да се пофалите себе си за нешто што сте постигнале, макар да е во прашање и нешто безначајно. Тоа го подобрува субјективното чувство и расположението.
  • Не се плашете од неуспех. Могумина сакаат да променат нешто во својот шивот, но само поради страв не се осудуваат на тоа. Колку повеќе можете намалете го стравот. Патот до успехот е тешок, но крајот е сладок.
  • Пешачете колку повеќе можете. Одењето ја зголемува издржливоста на организмот, а особено на кардиоваскуларниот систем.
  • Три пати неделно вежбајте барем по половина час. Не само телото и умот ќе има голема придобивка од физичката активност.
  • Јадете сезонско овошје и зеленчук секојдневно.

Поврзани статии

Back to top button