Сите живееме за сите, никој за себе!

Јас за сите се грижам, на сите помагам, насмевки семому изнудувам. И, да ви кажам искрено доста ми е. Се уморив, се исцрпив, сама себе си се растажив. Трчајќи и исполнувајќи ги туѓите желби јас своите ги заборавив. Себе си се запуштив, себе си се заборавив.

Животот мој ли е? Чии е? Време за себе ми треба, приоритетите да си и задоволам, а потоа повторно ќе помага, ќе се радувам и ќе тагувам со сите вас. Но, доста беше, сите за сите живееме, никој за себе. Што ќе помислат другите, што кажат веќе гајле не ми е. Ако некој не ги почитува моите желби и потреби, зошто па да морам јас за неговите да се грижам? Какво време дојде, за други купуваме, за други се облекуваме, пред други се фалиме и радуваме а на само плачеме…

Ве советувам и вас, не заморувајте се да живеете за други, работете на себе, се друго ќе си дојде само. Гледајќи ја туѓата сегашност не уништувајте си ја иднината. Правете убави спомени од сегашноста, оти тие се вечни, нека ви предизвикуваат насмевки понатаму.

 

Advertisements