ЖивотУбави совети

Зошто неславно завршуваат долгите врски?

Повеќето жени имале барем една “врска” за која жалат поради тоа што ја прекинале, бидејќи таа врска била, сепак, подобра и посигурна од следната после неа. Доколку ги прашате жените зошто долгогодишната врска одлучиле да ја прекинат ќе добиете еден од следниве одговори.

  • Не сакаше да живееме заедно. Многу жени имаат одредени временски ограничувања во врската. Затоа, тие самите се обвруваат, на пример, дека врската треба да помине на следно ниво “наредната” година. Ако тој не ја сфаќа сериозно нејзината желба или одбие заеднички живот – многу е веројатно дека една жена ќе се откаже од целата таа приказна.
  • Зошто не треба да раскинете? Зошто брзање кога и онака целиот живот ќе го поминете со таа личност?
  • Не сакаше да се венчаме. Тука повторно станува збор за временско ограничување – ако не споменува брак во моментот, тоа не значи дека никогаш нема да бидете прашани.
  • Зошто не треба да раскинете? Вистината е дека жените се посигурни во своите чувства и се подготвени да се венчаат од мажите. Додека ова не ви пречи до граница да веќе не се чувствувате љубено и пријатно во врската, навистина немате причина да се грижите. Се во своето време.
  • Несигурност.  Сите сме понекогаш несигурни во себе, па се прашуваме што гледа партнерот во нас. Но, кога овие сомнежи стануваат огромни, огромното мнозинство жени се премногу зафатени за да ги откриваат намерите на партнерот па се одлучуваат да ја прекинат врската.
  • Зошто не треба да раскинете? Таквите несигурности, исто така, ќе се појават и во друга врска, и ако тој е добар за вас, штета ќе биде да го оставите, нели? Ако тој ве сака, тој ќе стори сé за да ја олесни оваа несигурност.
  • Врската стана монотона.  “Другите парови се постојано некаде, тие се посреќни, насмеани се постојано, никогаш не им здодевно …”
  • Зошто не треба да раскинете?  Бидејќи таквите парови не постојат. Истражувањата покажале дека чувството на љубовна еуфорија престанува по две или три години. Значи, нема смисла да се споредува сегашноста со минатото, ниту пак да се споредувате со други парови. Секоја фаза има нешто добро.
  • Кариера. Лесно е да имаш врвна кариера кога си сам. Но, ако има друго лице до вас, понекогаш е неопходно да се избере љубов или кариера.
  • Зошто не треба да раскинете? Сè е прашање на самоконтрола, или добра организација и секогаш се наоѓа време за сè. Исто така, здрава врска може да ја подобри вашата кариера.

Поврзани статии

Back to top button