ЖивотУбави совети

Штом алкохолот протече низ нивните вени тие стануваат неподносливи…

На почетокот тешко може да се погоди, бидејќи секој од 12-те знаци умее да се развесели и во тоа да вклучи и некоја чашка повеќе.

Сепак, постојат знаци на кои пиењето им оди од рака, и штом алкохолот протече низ нивните вени тие го менуваат расположението и стануваат неподносливи за себе си и за околината.

Најголеми љубители на алкохолот се Риба, Овен и Близнаци!

Рибите кога пијат се неверојатно весели и со феноменално расположение. Членовите на овој знак кога ќе се напијат способни се да искачат планина, да се пуштат по водопад, да скокнат со падобран од авионот или да пеат од врвот на Ајфеловата кула. Стануваат безобразни и дрски доколку не сакате да ги придружите во авантурата. Доколку оној кој е покрај нив во тој момент ги спречува во лудоста тие умеат да го навредуваат и да се расправаат до крај. Следното утро тие невино ќе се извинат и ќе се однесуваат како ништо да не се случило.

Овенот умее да пие со брзина на светлината. Тие можат да испијат количина во една вечер колку што друг знак не може за цела недела. Способни се до денар да ги испијат парите и да се задолжат за да продолжат со пиење. Не пијат често, но кога ќе испијат една чашка потоа крајот не се гледа… немаат контрола, веројатно затоа што обожуваат забава и адреналински случувања. Умеат да ги понижуваат и да ги навредуваат дури и најблиските кога се под дејство на алкохол.

Близнаците се способни по цел ден да пијат, јадат и да се забавуваат. Уживаат во жива музика и за нив кафаната е втор дом. Многу им треба за да се опијат, но штом се опијат тие бараат кавга. На соседната маса, на семафорите, на шанкот, со било кого, со секого можат да се расправаат за ништо. Проблеми прават секогаш кога пијат.

Поврзани статии

Back to top button