ЖивотУбави совети

Директорот на белодробната болница Козле зборува за перзистентната кашлица! Проблем вирусен или алергиски?!

Проблем за кој родителите се во постојана дилема дали треба детето да се носи на лекар или не. Едноставно треба да се каже дека периодов одговара на позачестени проблеми со респираторниот тракт, но потребно е да се внимава да не се пропушти нешто сериозно поготово кај помалите дечиња. Кога кашлицата перзистира подолго време и детето е во одредена заедница, училиште или градинка или пак неговиот постар брат или сестра носи проблеми од градинката или училиштето, тогаш речиси сигурно се работи за вирусна патологија која ги напаѓаат респираторните органи.

Постојат огромен број над 200 типови на респираторни вируси кои ги напаѓаат респираторните органи на децата – тие беснеат овој период. За жал, меѓу овие вируси не постои така наречен крос-имунитет. Ова значи дека детето може да добие тип 12, а за неколку дена по заздравувањето тип 24, потоа 8, тогаш 101 и така “во круг”. Иако тие се различни видови на вируси, тие имаат исти или слични симптоми, па на  родителите им се чини дека децата  се постојано болни “од истиот вирус” а всушност станува збор за “сериска” инфекција. Доколку кашлањето започне во март и трае периодично или перзистентно до летото тогаш сосема е можно дека станува збор за алергија, обично тоа е причината или фактор кој придонесува за ваквото кашлање.

Често прашање е кога ние педијатрите ќе утврдиме дека белодробието е со уреден наод, а родителот не прашува повторно зошто пак детето кашла. “Уреден наод на белите дробови” значи дека причината за кашлицата е процес и тоа вирусно воспаление или алергиска реакција која што се јавува во носот или грлото, а НЕ во бронхијалното стебло или во ткивото на белите дробови. Обично, ова е иритирачка или лизгачка кашлица која понекогаш може да звучи како влажна, но всушност е резултат на акумулација на секретот и лачењето на истиот во грлото и трахеата. Возможно е да кај детето се појавува кашлање дури и преку ноќ дури и за време на сон. Додека детето е будно и активно, лачењето, дренажата  што се случува од носот на детето секретот полесно може да биде проголтан или повратенкај помалите деца.

За време на  спиење секрецијата е засилена и се исцедува  директно во грлото и се создава иритантен момент на кашлица така што детето често се буди.

Наутро е највеќе акумулирана секрецијата (секретот) која е создадена и продуктивна цела ноќ и затоа кашлицата наутро е многу силна, а понекогаш и долготрајна. Почесто помислуваме дека засипнатиот глас означува алергиска реакција, но не е така. Кај помалите деца, кашлицата обично е придружник на вируси кои го напаѓаат гркланот и гласните жици, па затоа се случува кашлање, понекогаш се јавува стридор – “грубо” дишење карактеристично за ларингитис (Круп), но тоа е акутна состојба која трае неколку дена. Доколку дојде до влошување на ларингитот тоа е алармантна состојба и треба веднаш да се јават на педиатар. Доколку се утврди појава на бронхитис тогаш веднаш треба да се направат првичните лабараториски аналиози за да го утврдиме предизвикувачот а да исклучиме алергиска реакција. Меѓутоа, ако се повтори бронхитисот, треба да направите алергиски тестови затоа што е можно алергија да е предизвикувач. Ако “пробата” е негативна, а детето е со бронхитичен наод тоа означува вирусна инфекција и тогаш знаеме дека вирусите се виновни! Доколку сме веќе утврдиле дека е алергиска кашлица вклучуваме анти-алергиски лекови, антихистаминици, назални кортикостероиди, леукотриенски инхибитори кои кога се даваат во тоа време навистина му помагаат на детето! Доколку е вирусна кашлица третманот е различен.

Вирусите (освен за ретки исклучоци) не можат да се излечат. Сите знаеме дека не постојат антивирусни лекарства за вакви случаи и дека вирусот перзистира неколку денови. Исто така, постојат растителни производи и сирупи кои можат да му помогнат на детето, да му ја намалат кашлицата  и на тој начин да се “купи време” додека детето се справи со вирусот. Родители во случај на вакви дилеми задолжително обратете се кај вашиот педијатар.

Др.спец. Ангелчо Андоновски – специјалист педијатар . Директор на детската белодробна болница Козле.

Поврзани статии

Back to top button