ИнтервјуаУбави луѓе

Интервју со Сашко Сале Андриески: Мојот албум ќе сруши Гинисов рекорд!

Нашиот денешен соговорник, Сашко Сале Андриески неодамна ја прмовираше нумерата „Зошто да ти верувам“. Поразговаравме со него за тоа од каде идејата за оваа песна, што ќе содржи албумот кој е во најава, но и за музичката сцена во земјава. Додека го очекуваме неговиот албум, секој четврток се забавуваме на неговите настапи во Кафана Ка.

Ubavo.mk: Од каде дојде идејата и инспирацијата за песната „Зошто да ти верувам“?

Инспирацијата за оваа нумера дојде спонтано. Идејата ми дојде при едно гостување во Србија кај мојот пријател Слоба, Македонец кој има студио во Земун. Во истиот момент кога ја добив идејата, влегов во студио и го снимив демото.

Ubavo.mk: Со оваа нумера го најавувате и албумот кој би требало да излезе наскоро? Што може да очекува публиката?

Па, се надевам дека конечно ќе го завршам албумот оваа година, бидејќи мислам дека е редно да го завршам после цели седум години работа на него и мислам дека може да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолго сниман албум. А, публиката нормално може да очекува добри рок’н’рол песни кои се помалку ги има на овие простори.

Ubavo.mk: Како ја дефинирате македонската музичка сцена? Што и недостасува?

Немам некоја посебна дефиниција за нашава, македонска музичка сцена. Имено, многу работи недостасуваат, а пред сè недостасуваат добри песни и добар маркетинг кој на големо ќе ги промовира тие песни.

Ubavo.mk: За која песна сте посакале вие да ја имате напишано?

Па, немам некоја специјална желба да сум посакал јас да бидам тој кој напишал некоја песна бидејќи тоа што сакам веќе и го пишувам, така да на мојот албум ќе има доста авторски песни, напишани од мене.

Ubavo.mk: Со кој музичар би сакале да снимите дует?

Не сум размислувал на оваа тема, јас веќе имам соработка со балканските ѕвезди, имам две песни за кои текстовите ги има напишано Бора чорба, на една песна автор на музиката е Ален Исламовиќ, на друга песна гитарите ги има отсвирено маестро Зеле Липовача од Дивље Јагоде и тој моментално работи на аранжманот на уште една моја песна. А, ако се работи за некој дует или соработка со музичари од светската сцена секако дека би сакал да снимам со некој хеви метал бенд како AC DC или Металика.

Уживајте во новата песна на Сале!

https://www.facebook.com/sasko.s.andrieski/videos/10208047720702469/

 

Поврзани статии

Back to top button