Убави дестинации

Градот кој со сигурност ќе ве освои!

Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во ЕУ и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа на северно- источниот брег на Пиринејскиот полусотров и е отворена кон Средоземното море. 

Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.

Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.

Тука дождливи годишни времиња се пролетта и есента, а суви се зимата и летото. Редот од највлажни кон најсуви е следниот: есен, пролет,зима, лето. Западната средоземна клима е една од најнередовните клими во светот. На пример, во една година октомври може да биде многу сув, додека јули и февруари да бидат влажни месеци. Барселона и Лондон имаат исто годишно ниво на врнежи,но климата во Лондон не е толку променлива и бурна како во Барселона.

Ова со сигурност е градот во чија магија ќе се вљубите! Нема да зборуваме повеќе, ќе ве оставиме да се маѓепсате во прекрсаните фотографии.

Поврзани статии

Back to top button