Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Фросина Фран Ангеловска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува уникатната Фрози Фран!

Во блендер ставете едно меко будење, по можност без аларм. А, ако ви се наоѓа будење со убава порака од саканиот уште подобро! Додадете две супени лажички сончеви зраци низ ролетните (избегнувајте сивила по секоја цена, може многу да го нарушат вкусот на денот). На тоа додадете една полна дозерка музика на слушалки (…на најгласно!), неколку капки горко турско кафе и неколку залчиња протеини. Смесата истурете ја во огноотпорен сад и ставете ја на тивко да се крчка. Полека додавајте убава коса без многу напор и рамномерен ајлајнер од првиот обид. Главната состојка нека биде добар стајлинг и расположение за високи потпетици. На ова се додаваат исполнети работни обврски и еден куп задоволни клиенти. Што повеќе, тоа подобро! Не се на одмет и неколку средби со драги луѓе, по можност и некое ручече. А доколку имате место и за малку шопинг рецептот би бил идеален. После неколку саати (8 до 10) тргнете го садот од оган и зачинете со еден добар тренинг, квалитетно потење и долг топол релаксирачки туш. Сервирајте во мек кревет и пар памучни пижами. Овој рецепт е уште повкусен ако го конзумирате во пар!

Поврзани статии

Back to top button