Прочитајте како правилно да го намалите холестеролот!

Држете ја под контрола својата телесна тежина.

Намалете ја употребата на месото, особено свинското и сувомеснатите производи.

Не јадете повеќе од три јајца неделно. Нема ограничување за белката, бидејќи холестеролот се наоѓа во жолчката.

Употребувајте млечни производи со помало количество на млечни масти. Одбегнувајте ги мрсните сирења, кајмакот и путерот.

Намалете го внесот на шеќер, засладено кафе и газирани пијалаци.

Секој ден по половина час правете физички вежби.

Одбегнувајте ги напнатите ситуации и стресот.

 

Advertisements