Што мора да содржи секоја женска чанта?

Неверојатно е што сè може да се најде во женската чанта – од огледало, руменило, маскара, пудра, до клучеви од станот, од колата, од работа, полнач за телефон па и чадор. И баш поради тоа често пати кога треба набрзина нешто да извадиме од чантата не фаќа паника. Често пати сме сведоци дека можно е и да исуриме се надвор од неа и повторно да не можеме да го најдеме токму она кое го бараме. Најчесто не размислуваме премногу за организирање на работите во чантата, па кога ќе одиме на состанок, наместо планери и пенкала, ние ќе пронајдеме хајлајтер и обетки во чантата. Доколку овие ситуации се случуваат и кај вас, време е да се подобри организирањето. Ние ви спремивме 5 „must have“ работи што треба да ги имате во секое време со себе, покрај телефонот, клучевите, огледалцето и паричникот.

  1. Камена пудра
  2. Мини спреј за суво миење на коса
  3. Парфем или дезодоранс
  4. Средтство за миење раце без плакнење
  5. Палома или влажни марамчиња
loading...