МодаУбави совети

Оваа година во тренд се плетени комплети!

Меки плетени џемперчиња, со широки, тесни или кратки ракави, сеедно, во комбинација со плетени здолништа или панталони со истата плетка и во иста боја оваа година ќе се вистински хит. Модните блогерки низ светот веќе го најавиа овој ултра уникатен тренд за оваа година, а повозрасните дами може да посведочат дека модата постојано се враќа и дека вакви комбинации не се носат за прв пат. Освен ваков комплет во неколку бои потребни ви се и еден пар удобни чевли и уникатна тренди чанта, и повеќе нема да губите време да размислувате како да комбинирате!

Поврзани статии

Back to top button