Дали чувствувате дека нешто недостасува во вашиот дом?

Застанете во аголот од кој можете да ја видите целата соба. Дали чувствувате дека нешто недостасува? Во право сте. Детали недостасуваат – цвеќето е она што мора да го имате речиси во секоја просторија во домот.

Со додавање на цветни аранжмани, живи растенија и природни предмети како што се вазни и рамки од школки, вие и давате посебен шмек на просторијата и тогаш изгледа дека “дизајнерот на ентериер бил тука”. А, повеќето дизајнери ќе ви кажат да избегнувате вештачки цветни аранжмани.

Ако цвеќињата и растенијата не се она што го сакате во вашиот дом, обидете се со други природни елементи како гранчиња или пердуви поставени во една голема вазна. Доколку и таа идеја не ви се допаѓа направете мал декоративен аражман од школки.

loading...