Убави дестинации

Дестинација со преку 200 сончеви денови и 160 дена со снег во годината!

За Копаоник се вели дека е најважниот скијачки центар и еден од поголемите венци во Србија, сместен е во централниот дел на земјата. Располага со околу 35 жичари со капацитет за околу 30.000 луѓе на час.Националниот парк Копаоник е основан во 1981 година. Богат е со флора и фауна која се разликува на секој дел од планината. Листопадните и зимзелените шуми се вистински рај за очи. Богатите туристички понуди го прават ова место вистинска лесно достапна дестинација за љубителите на свеж и чист воздух. Доколку се уште се двоумите каде да го поминете одморот, каде да скијате и истовремено да уживате во сонцето оваа е идеална дестинација за вас. Хотелите располагаат со ултра ексклузивна услуга која ќе ги задоволи сите ваши сетила, до максимум. Доживејте вистинса зимска идила! 

Поврзани статии

Back to top button