После 50 години живеење на овој свет еве што научив…

Ми требаше време, ми требаа години за некои работи да ми станат јасни. Затоа, одлучив да споделам со вас што научив живеејќи на овој свет цели педесет години. Времето поминува. Животот се случува. Децата ќе пораснат. Растојанието не оддалечи едни од други. Љубовта бледее. Родителите умираат. Срца се кршат…Обврските доаѓаат и си заминуваат, исто како и нервозите. Колегите ги забораваат услугите. Мажите не се јавуваат тогаш кога ќе кажат дека ќе се јават. Но, пријателите остануваат до вас, колку километри и години да сте разделени тие се на овој или оној начин со вас. Вистинските пријатели никогаш не се далеку кога ви се поребни. Кога ќе морате да чекорите сами, и да бидете осамени и тажни вашите пријатели ќе бидат тука, од вашата страна на патот и ќе навиваат за вас, ќе се молат и со раширени раце ќе ве дочекаат на крајот од патот. Понекогаш ќе ги прекршуваат правилата и ќе одат покрај вас!

loading...