Од насУбави муабети

Ќе дознаеш дека полека сè си доаѓа на свое место…

Ќе дознаеш дека полека се си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да се занимаваш со неважни нешта и луѓе, сфаќајќи дека не мора да те допира она што другите го мислат, зборуваат и прават. Сето тоа е нивна работа.

Ќе дознаеш дека полека се си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да ги криеш своите солзи, бидејќи тие се природен и нормален процес, а ти си само човек со емоции, срце и душа.

Ќе дознаеш дека сè полека си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да мислиш дека немаш доволно време. Време има, само мора правилно да се искористи, да се троши на работи кои причинуваат задоволство и исполнетост.

Ќе дознаеш дека се полека си доаѓа на свое место кога веќе нема да се грижиш што чувствуваш страв и сомнеж, бидејќи ќе сфатиш дека и тоа е сосема природен дел од животот на кој не треба да му се даде многу внимание и енергија.

Ќе дознаеш дека сè полека си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да глумиш и да се правиш нешто што не си само за да се допаднеш на средината.

Ќе дознаеш дека сè полека си доаѓа на свое место кога ќе започнеш да излегуваш од битките во кои имаш влезено како млад, кога ќе разбереш дека мирот е многу повеќе вреден отколку да бидеш победник во дадена непотрбна ситуација.

Поврзани статии

Back to top button