ЖивотУбави совети

Знаци кои говорат дека емоционално се изневерувате со партнерот…

Кога го слушаме зборот: изневерување, повеќето од нас мислат на интимни и страсни моменти со анонимна личност која не е нашиот партнер. Но, дали е само тоа изневерување? Понекогаш изневерувањето се крие зад пријателски однос, во кој емоциите се неконтролирани, а можеби дури и не сте свесни за тоа. Еве некои знаци кои покажуваат дека можеби сте ја преминале границата без сомнение:

Често зборувате за човек кој не е ваш партнер. Редовно ги проверувате неговите профили на социјалните мрежи. Махинално лајкувате се што тој ќе објави. Кога зборувате со него се чувствувате подобро и исполнето. Насмевката на вашето лице штом го здогледате се гледа од далеку. Понекогаш го сподерувате токму него со вашиот партнер. Пријателството со него и редовната комуникација ја криете од партнерот. Ви се случува да се фатите сами себе си како си замислувате интимни моменти со тој човек.

Поврзани статии

Back to top button