ЖивотУбави совети

Кои работи треба да му ги премолчите на партнерот?

За да може правилно да функционира врската, неопходно е да се изгради длабока доверба. Само врски базирани на доверба можат да преживеат на долги патеки. Со криење на некои работите од нашиот партнер нема да постигнеме ништо. Но, сепак, дали треба да ја споделиме секоја наша мисла со нашиот емотивен партнер?

Има многу работи што ни се на ум сега, и по 10 минути ги забораваме. Иако тие се тривијални и бесмислени за нас, нашиот партнер не мора да значи дека ќе ги сфати исто, па затоа таквите мисли, кои не се клучни за врската, подобро е да си ги чувате за себе:

  1. Не ви се допаѓа како готви неговата мајка иако тој постојано потенцира дека таа е одличен готвач.
  2. Мислите дека е сладок колегата, но се останува само на тоа, едноставно тој е сладок и толку.
  3. Некој ве се додворувал предходната вечер додека сте биле излезена со пријателките, но тоа само ќе разбуди погрешни емоции кај вашиот партнер.
  4. Не ви се допаѓа неговиот најдобар другар а тој со него е уште од средно школо…
  5. Непотребно е да изнесувате негативен став за некој негов талент и да го демотивирате.

Поврзани статии

Back to top button