КариераУбави совети

Совети за активен ден на работа!

Начинот на живот наметнат со забрзано темпо, во времето во кое живееме, воопшто не му користи на нашиот организам. Повеќето луѓе поминуваат околу 12 часа дневно во седечка положба, без разлика дали се на работа, дома, автомобил или во градски превоз. Голем број часови, во текот на денот, ние сме физички неактивни, што по некое време може негативно да влијае на нашето здравје.

Кога ќе погледнеме малку подобро за листата на нашите активности, или подобро кажано неактивност, ќе сфатиме дека поголемиот дел од нашето време го поминуваме на работа и во седечка положба. Бараме иновативни начини за промена на нашата рутина!

Станувајте повеќе пати додека сте на работното место. Свртете еден круг во канцеларијта па повторно седнете.

Размрдајте се со помош на вежби кои можете да ги направите и во седечка позиција. Истегнувајте се, движете ги рацете и размрдувајте се одвреме на време.

Дозволете си пауза. Излезете некоја минута на воздух, или едноставно постојте пред отворениот прозорец во канцеларијата.

Конзумирајте здрави освежителни напивки и оброци за време на работниот ден.

Разговарајте и движете се, не мора сите договори секогаш да паѓаат на бирото.

Поврзани статии

Back to top button