КариераУбави совети

Што да се очекува од “работникот” кој добил “клоца” од повеќе работодавци?

На многумина од нас најлесно ни е прво да ги нападнеме работодавците, да зборуваме како се безосетни, безобразни, нечовекољубиви и слично. На секаде да го оговараме и обвинуваме човекот кој е заслужен за нашето работно место и ни дал шанса да заработиме за парче леб. Платата колкава и да е секогаш за нас ќе биде мала. Знаете колку повеќе имаш толку повеќе и апетитите ти се зголемуваат, но што можеш, човек си тоа ти е во природата, во крвта, во гените ни е да сме секогаш ненаситни и незадоволни. Наместо да му се заблагодариме на Бога што не сме страдни и гладни, ние преку леб бараме и погача. Не велам дека нема лоши и безобразни газди кои ги искористуваат и омаловажуваат своите вработени. Но, има и исто толку лоши и безобразни работници. Има работници што избегнуваат работни обврски, што на овој или оној начин гледаат да му се пикнат на работодавецот под кожа и да можат да ескивираат од работните обврски. Користејќи ја болната мајка, прстенот на рака, здодевната свекрва и слични икс животни ситуации они не си ја завршуваат работата за која биле примени на работното место. Секогаш на нив нешто урнебесно во животот им се случува за да не можат да дојдат или макар од дома да ја завршат нивната работа. Небаре ние другите немаме живот, немаме проблеми, фамилии и обврски. Работодавецот ќе има емпатија, ќе прогледува низ прсти, но не може тоа долго да трае. Не може вложениот труд да му го уништи некој несовесен вработен. Ќе опомени, ќе опомени повторно и повторно нема да добие фид бек. И на крајот следи отказното решение. Личноста не се променила, па насекаде го офира како е лош газда, како нема разбирање и како е безобразен што од нигде никаде го оставил вработениот без леб. Благодарение на тие муабети кои ги раскажува каде ќе стигне, од емпатија ќе добие ново работно место, нов газда и нова плата. Но, истата приказна и на новото работно место, истата тргедија повторно за работникот – од него се бара да работи а не во текот на работното време да си брка свои работи, и тогаш повторно жртва е работникот кој наместо да сработи се она за што е платен си организира свадба, крштевка, роденден, веридба, оди на лекар со домашните и го нема со часови… и се тоа кој знае дали е навистина така или едноставно тој работник чим од неколку места добил клоца во газот најверојатно е дека во него е проблемот, дека е мрзелив и дека платата сама да му паѓа од небо. Па кога ќе подразмислиш убаво, не може да промениш неколку работни места и да не е проблемот и во тебе. А, се додека не го видиш проблемот во себе, секој нареден претпоставен ќе ти биде крив за твојата неспособност и дрскост или тоа што ќе го создадеш како твое за да не ти попува друг над глава ќе го уништиш додека трешнеш со својата мрзеливост.

Поврзани статии

Back to top button