ЖивотУбави совети

Седум знаци кои говорат дека треба да му верувате на партнерот

Се сомневате дека партнерот заслужува целосна доверба, но каква врска ќе биде таа ако не му верувате?

Постојат некои знаци од кои можете да прочитате дали вашиот партнер заслужува да му верувате онолку колку што тој верува во вас.

1. Ги признава своите грешки

Тој никогаш не избегнува да преземе одговорност и не бега од грешките што ги направил, без разлика колку се големи.

2. Ги споделува со вас своите чувства

Тој искрено зборува за сè што му пречи или сака. Тој човек заслужува доверба чим со вас ја дели скеоја мисла и секое двоумење.

3. Ви кажува како го поминал денот

Тој нема нешто што крие од вас, па тој секогаш ви кажува што направил, каде бил и со кого го минал денот. Вие никогаш не наоѓате никаква нелогичност во неговите приказни.

4. Ви ја дава неговата картичка

Овој потег покажува дека тој има максимална доверба во вас, и дефинитивно докажува дека можете да му верувате, бидејќи лицето кое не се грижи за вас нема да ви ја даде картичката.

5. Се обидува да ги отфрли сите ваши сомнежи

Сите сме понекогаш жртви на љубомора, а несигурен човек кој не се грижи за вас дополнително ќе го поддржи чувството на несигурност во вас. Сепак, постојан човек кој навистина има чувства кон вас, ќе се обиде да ве ослободи од вашите црни мисли.

6. Ви посветува внимание

Не ве игнорира кога ќе побарате од него да ви посвети малку внимание затоа што мора да разговарате со него за нешто и се фокусира на она што го кажувате.

7. Не го крие неговиот мобилен телефон од вас

Тајноста и криењето се обично првиот доказ дека еден човек “изневерува”, и ако вашиот партнер го остави својот мобилен без проблем во собата кога излегува од неа можете да бидете сигурни дека тој не крие ништо.

Поврзани статии

Back to top button