ЖивотУбави совети

Подгответе домашно песто од рукола – спречете појава на болести!

Руколата е многу хранлива и лековита, па добро е да се консумира често. Таа е богата е со јаглени хидрати, протеини, калциум, магнезиум и ватамини А, К, Ц и Б., содржи активни состојки кои имаат антиканцерогено дејство, има позитивно дејство на човековото здравје и спречува ризик од многу болести. 

Потребни состојки: 100гр рукола, 5 лажици маслиново масло, лажица морска сол, 5 лажици ленено семе, 3 лажици пармезан, 2 чешлиња лук, 50гр индиски ореви и малку мелен црн пипер.

Подготовка: Ставете ги индиските ореви, руколата, пармезанот, лукот, солта и црниот пипер во блендер и убаво изблендирајте. Постепено додавајте го маслото и миксирајте, Ставете го пестото во стаклена тегла и одозгора прелијте го со малку масло.

Во фрижидер може да стои до три недели.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button