Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Секој од нас живее три животи: еден пред очите на јавноста, втор пред очите на оние кои ни се дома и трет таен, кој никој не го знае дури ни личноста со која го споделуваме креветот.

Филмот Perfect Strangers (Perfetti sconosciuti) е италијанска драма со комични елементи кој ја разоткрива идејата токму за овие три животи. Фантастичното филмско дело кое освои многу награди на различни фестивали во светот е напишано од Филипо Болоња, а режирано од Паоло Џеновезе.

Седум долгогодишни пријатели се собираат на вечера и започнуваат да играат една чудна игра која ќе открие многу тајни. Имено, за време на вечерата треба да ги споделат пораките и повиците кои им пристигнуваат на нивните мобилни телефони…

Поврзани статии

Back to top button