Како да си ги освежите умот и телото во пет чекори прочитајте тука

Физичката активност е многу важен дел за секојдневната здрава рутина. 

* Во утринските часови
Наместо да продолжите да спиете по будилникот, започнете го денот со 20 минути вежбање. Потоа влезете под туш и ќе почувствувате дека веќе сте постигнале нешто значајно.

* Земете пауза за ручек
Прошетајте до местото каде што можете да купите здрав оброк и вратете се по истиот пат во канцеларијата. Така ќе потрошите малку калории пред оброкот, а на работното место ќе се вратите освежени и со повеќе енергија.

* Работа во куќата
Домашните работни обврски не се многу забавни, но, со мала доза на музика ќе ги завршите побрзо, а сепак ќе уживате.

* Станете од троседот
Додека гледате телевизија, обидете се да вежбате за време на рекламниот блок, дури и ако тоа вклучува стомачни или брзо одење низ куќата.

* Одберете прошетка наместо кафуле
Наместо да се сретнете со пријателите во кафуле за да ги споделувате најновите вести за вашиот живот, организирајте прошетка низ паркот со кафе “за носење”!

 

Advertisements