Од васУбави муабети

Поезија за убав ден: „Траги во сонот“

Траги во сонот

Толку бевме блиску, а толку сме далеку…
толку бевме големи, а сепак мали…
толку бевме гласни, а сепак тивки….
толку бевме силни, а сепак кршливи и немоќни…
Не беше одамна сè, а како вчера да беше…
Колку ме имаше толку те немав.
Колку те имав толку ме немаше.
Се имавме, а никогаш не бевме еден на друг…
Секогаш секој сам по сам….
Бесеконечен круг на немање, а бесконечно сакање…
А времето ме влече
ме штипе немилосрдно и дрско
безмилосно и безобразно…
Ми ја соблекува наметката на спокојот
кога си ги прередувам спомените низ мислите
кога си исцртувам срамежлива насмевка
и ме брза за некаде,
а за каде?
Запри време!
Го слушам чудниот татенеж на животот
се преплашувам од помислата за утрешнината
и наеднаш пак го слушам
брзиот воз на времето
и само го молам
да не ме брза
да не ме однесе предвреме
за да ме раздели од тебе… засекогаш
уште пред да те даде на мене… засекогаш…
Ако исчезнам пак ќе се појавам
во твојот сон како таен минувач
и само тивко ќе те бакнам
и брзо ќе заминам
за да не те разбудам
а, ти ќе ме препознаеш
по трагите од мојот свилен бакнеж…
Мојот последен бакнеж….

Автор: Гордана Б.Николовска

  • Испратете и вие свој текст на info@ubavo.mk

 

Поврзани статии

Back to top button