Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ивана Јаневска

Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите е мотото на оваа девојка за убав ден! 

Верувам дека секој ден може да биде убав. Само треба да го зачинете со малку радост, многу љубов, позитивна енергија, верба и надеж. За мене, денот поминат без насмевки е изгубен, тажен, несреќен и празен ден. Затоа, на секој ден додавајте многу насмевки. Сакам да ги споделам и трите цитати за насмевките кои ми се омилени, често ги повторувам и уште почесто ги практикувам за денот да ми биде убав:

„Денес, подарете му насмевка на некој непознат. Тоа може да биде единствената светлина што тој ќе ја види во текот на денот.“ – Х. Џексон Браун Џуниор

„Насмевката е крива која ги исправува сите работи.“ – Филис Дилер

„Ако немаш насмевка, ќе ти дадам една од моите.“ – непознат автор

Поврзани статии

Back to top button