Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Александра Шијакоска

Таа е млада и секогаш насмеана девојка која ги следи трендовите и е вљубена во модата. Денеска зборува за тоа што и го прави денот убав…

Секое утро се будам со мислата дека денот ќе биде убав, па кога ќе погледнам надвор прекрасен сончев ден ништо не може да ме спречи да го искористам сонцето за некоја добра прошетка и фотка секако… Сакам кога денот ми е испланиран до најситен детаљ дури и тоа што ќе облечам утре… Утринскиот тренинг, кафето и сликањето на аутфитот ми се секојдневна рутина. Сепак, на крајот на денот ништо не може да ме усреќи повеќе од пријатен разговор, искрена и топла прегратка и среќа во очите на моите најблиски и сакани. Доколку сакате денот да ви биде убав, исполнет и продуктивен секогаш работете го или правете го тоа што ве прави среќни и не заборавајте со вас да ја понесете вашата прекрасна насмевка.

Поврзани статии

Back to top button