Салата полна витамини која може да замени еден оброк

Витамнинска салата, брза за подготовка и одлична замена за оброк!

Состојки:
1-2 главици брокула
4-5 тенки листови сланина
1 лажица маслиново масло
2 лажици сок од лимон
бел лук
неколку маслинки

Подготовка: Брокулата на помали цветови и да се готви во врела вода не подолго од две минути. Извадете ја брокулата од водата и оставете да се исуши. Посолете ја сланината, а потоа исечете ја на помали парчиња и додека не зарумени пржете ја на тефлонска тава без масло. Измешајте ги брокулата и сланината и зачинете ја салатата со маслиново масло и сок од лимон. Попрскајте со ситно сечкан лук (или лук во прав) и сечкани црни маслинки. 

loading...