Убави дестинации

Јужно од Лефкада и Итака а северно од Закинтос се наоѓа фантастичен остров кој ќе ви одземе здив!

Фантастичниот остров Кефалонија е најголемиот Јонски остров кој се наоѓа јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Овој урбан грчки остров ќе ве маѓепса уште на прв поглед. Обалата му е совршена за долги прошетки. Плажите се песочни и каменести а водата на морето е кристално бистра и топла. За Кефалонија се вели дека е остров на спокојот и мирот. Ако еднаш го посетте, ќе посакате да му се вратите повторно и повторно. Ќе се воодушевите и релаксирате од чудесните пејзажи, преубавите чисти плажи, симпатичните таверни, љубезните домаќини и чистиот морски воздух. Кефалонија е вистинсо место за летен одмор за оние кои поседуваат авантуристички дух. Митрос е плажа на Кефалонија која е прогласена за најубавата плажа во Грција, белиот песок и тиркизното море едноставно ќе направат да се родите одново.  

Поврзани статии

Back to top button