Дестинација за сите генерации!

Во областа меѓу територијата на Република Грција и островот Кипар, се наоѓа Родос, а нејговиот источен дел е најгусто населен, каде што е исто така поголема рамнина, додека планините се наоѓаат во внатрешноста на овој остров. Основните карактеристики на Родос се, секако, неговиот главен град и плажите, и на него често може да се чувствувате како да се наоѓате во некој голем музеј. Климата на овој остров е медитеранска, и се карактеризира со суши кои траат подолго време, додека зимите се благи и најчесто со многу врнежи. Со околу 300 сончеви денови во текот на годината, може да се каже дека времето на Родос е речиси идеално.Ние споменавме дека една од особеностите на овој остров е поврзана со неговите плажи, што е сосема доволно за вкусот и потребите на секој поединец. Ако дојдете на овој остров преку туристичка агенција и немате намера да изнајмите автомобил, треба да знаете дека многу плажи може да се посетат и со локалните автобуси, бидејќи овој вид превоз е одлично организиран на островот. Се разбира, постојат и плажи на кои може да се стигне само со автомобил. Бидејќи станува збор за остров, не е изненадувачки дека цените на Родос се повисоки отколку во другите одморалишта во Грција.

Туристите од нашата земја, кои беа среќни да летуваат на овој грчки остров, велат дека цените во одредени периоди од годината се до три пати повисоки отколку во Македонија. Многу луѓе изнајмуваат велосипеди за да го посетат Стариот град. Ако сакате да го посетите само Стариот град и да видите баш сè што се наоѓа во него, тогаш изнајмете велосипед. Инаку, не се препорачува велосипед за обиколка и истражување на островот, бидејки има многу нерамнини, планини и нема определена трака за велосипедисти па таа опција би била вистинско мачење.Освен прекрасни плажи на Родос се наоѓа и ултра модерен Аква парк кој вреди да се посети и ужива. Доколку сакате забава и ноќен живот во пол ек тогаш оваа дестинација е вистинската за вас. Не заборавајте дека крстарењата се вистинско доживување и не треба да се занемарат.Се вели дека секој што ќе одлучи да летува на овој остров, обично години подоцна, не ја менува дестинацијата. Затоа не е изненадувачки што во најголем број случаи патните впечатоци се позитивни. Всушност, туристите велат дека источната страна на островот Родос е многу подобар избор за сместување, отколку западната. Сепак, сите се согласуваат дека една од подобрите дестинации на територијата на Грција е токму овој остров.

 

 

loading...