Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Емил Павлов

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува каратистот Емил Павлов кој воедно е и двократнен европски шампион. Тој гордо ја претставува државата и е светла иднина за нас.

Мојот рецепт за убав ден и тоа што го практикувам да го правам цел ден: од сабајле кога ќе станам од спиење најпрво си го спремам појадокот, најчесто тоа е смути кое многу го сакам. Потоа, одам во еден кафич на кафе бидејќи сум љубител на добро и вкусно кафе, а потоа следи утрински тренинг. После тренингот вообичаено излегувам во центарот на градот да се сретнам со моите другари во кафич, понекогаш знам и да прошетам на некои убави места во државава, знам да прочитам и некоја добра мотивациона книга напишана од врвни спортисти, слушам музика, гледам филмови и потоа одам на уште еден тренинг. Навечер често го поминувам времето со мојата девојка…

Поврзани статии

Back to top button