Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден!

За денес одбравме три книги кои ќе го задржат вашето внимание се до последната страница… Уживајте! 

Во еден момент (Гијом Мисо) Лиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.

Во една мрачна, мрачна шума (Рут Веар) НЕКОИ МОМИНСКИ ЗАБАВИ СЕ ЛОШИ, НО ОВАА Е УБИСТВЕНА! Леонора, некому позната како Ли, на другите како Нора, е изолиран писател на крими романи кој одбива да го напушти своето „гнездо“, освен ако не е апсолутно неопходно. Кога пријателката со која не зборувала, ниту ја видела со години ќе ја покани Нора (Ли) на викенд во морничава, стаклена куќа, скриена длабоко во темната шума, таа неволно се согласува да замине. Четириесет и осум часа подоцна се буди во болнички кревет, повредена, но жива, со сознанието дека некој е мртов.Наместо мислата „Што се случило?“ ѝ се јавува мислата „Што направив?“ Затоа Нора мора да се сети на настаните од изминатиот викенд. Шокантни тајни, неочекувани мотиви и многу прашања, чии одговори се кријат во минатото што Нора со задоволство би го оставила закопано.

Девојката од хартија (Гијом Мисо) На Том Бојд, познат писател му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненајдено се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште… Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра…

Поврзани статии

Back to top button