МодаУбави совети

3 начини да ги подобрите вашите обични фармерки

Фармерките се омилено парче облека на секоја жена, без исклучок, се носат во неколку нијанси и модели. Тие се најпрактични за комбинирање и одлично одговараат со сè, но понекогаш тие можат да изгледаат малку досадно. Сепак, постојат неколку едноставни совети кои лесно ги подобруваат вашите комбинации на облекување кога носите фармерки.

1. Украсете ги – Додајте метални детали за да им дадете силен печат на фармерките, или извезете нешто романтично, можете дури и да додадете бисери, кои сега се многу популарни. На овој начин ќе се забавувате и ќе носите фармерки со личен печат.

2. Изберете фармерки со необични детали – Класичните фармерки се секогаш неопходни, но тие се малку здодевни. Изберете пар кој има различен модел или дезен. Со реси или искинати. Или одлучете се за популарните фармерки од две нијанси на тексас.

3. Изберете фармерки од потемен тексас – Темните фармерки се добар избор за сечија фигура. Ги кријат сите недостатоци и ги истакнуваат сите доблести на женското тело.

Поврзани статии

Back to top button