Ботоксот стана секојдневие, но има и природни начини како да се успори стареењето

Ботоксот стана секојдневие, но има и природни начини како да се успори стареењето.  Доволно е само да се променат некои навики што ги додаваат годините на лицето.

Памучни навлаки за перници – дерматолозите советуваат да инвестирате во свилени навлаки, бидејќи тие се многу подобри за кожата отколку памукот. Ова е особено важно за луѓето кои спијат со лицето директно во перницата. Освен за кожата, свилените перничиња се добри и за косата.

Мултитаскинг – Горди сме што можеме да правиме ручек во исто време, да ги држиме децата, да организираме деловни состаноци. Но, тоа не треба да биде така, бидејќи мултитаскингот нè прави постари. Кога правиме повеќе работи во исто време, нашето тело е под голем стрес поради кој старее. Стресот може да доведе до зголемено воспаление на кожата, со што се уништува колагенот.

Централна климатизација – Централните системи за ладење и греење имаат бенефиции, но исто така и недостатоци. Еден од нив е што тие ја сушат кожата и така настануваат брчки. Ако треба да останете во просторија со климатизација, однапред нахранете ја кожата со навлажнувачки крем.

Исхрана без маснотии – Новите трендови за исхрана, исто така, ги оттргна маснотиите од менито, што е многу поргешно. Вие не треба да ги избегнувате здравите масти, тие се одговорни за здрава и сјајна кожа. Исто така, исхраната треба да биде богата со храна која е богата со витамин Е, како што е авокадото. Семето од сончоглед исто така е одлично бидејќи содржи селен.

Сламки за сок – Избегнувајте да пиете сокови или други пијалаци преку сламка бидејќи така се повторуваат движењата со што се распаѓа колагенот. Иако сламките помагаат да се заштитат забите, тие создаваат брчки околу усните.

Парфем на вратот – Кожата на вратот е многу нежна, така што не треба да го прскате парфемот на неа. Исто така, парфемот ја исцедува кожата, што може да биде посебен проблем ако веднаш по прскањето се изложите на сонце.

loading...