Филм за убав ден

Филмот кој го одбравме за денес е драма за еден татко кој и покрај својот психички проблем се труди да биде добар татко…

Филмот “I am Sam“ е режиран од Џеси Нилсон, а главните улоги ги толкуваат Шон Пен, Дакота Фенинг и Мишел Фајфер.

Овој филм беше и старт на кариерата на одличната Дакота Фенинг која со оваа улога се прослави и започна успешно да плива во актерските води.

Што се случува кога еден самохран татко кој има ментален склоп како на седум годишно дете треба да се грижи за својата ќерка? Како реагираат социјалните служби? Дали ќерката треба да е кај човекот кој неизмерно ја сака и се бори за неа или во друго семејство кое би ја посвоило?

Филм кој ќе ве натера да пуштите по некоја солза и да се восхитите на една татковска љубов.

 

loading...