Како до елегантен и уникатен дом?

При уредувањето на домот, освен квалитетниот и удобен мебел, важен е и изборот на бои кои ќе доминираат во вашиот животен простор.

Доколку сакате вашиот дом да изгледа поголем, посветол, а притоа да биде уникатен и елегантен, тогаш без двоумење одберете ја белата боја.

Белата боја симболизира чистина, нежност, светлина… Одлично се вклопува во секој простор и со сите материјали, како на пример дрвена дограма и одговара со сите останати бои. Домот во бела боја е вистинско освежување за оние кои живеат во него, но и за сите гости и посетители.

Ви нудиме и неколку фотографии за инспирација доколку се одлучите да ја внесете белата боја во вашиот дом.

loading...