Убави вести

Дали сте подготвени за една мала ,,Драма”?

Драги наши! Дали сте подготвени за една мала ,,Драма”? Доколку сте, слушнете и погледнете ја најновата и третa по ред, авторска песна со видео запис насловен како ,,Драма” на добро познатиот бенд ,,Replay”.
Во соработка со Мартин Мила, творец на текстот, тонското студио ,,Подрумот” на Ангел Ќосев кој со своите музички вештини се погрижи за аранжманот, и музиката која ја креираа момците од “Replay”, повторно направија нешто што ќе биде вредно за паметење.
Магијата на спотот се создаде во актуелниот музеј на Илузии.
Заедно со нивните спонзори и пријатели кои овозможија овој проект да стане реалност направија сè за да можете да уживате во нивната ,,Драма”!!!

Уживајте!

Поврзани статии

Back to top button