ЖивотУбави совети

Најсочната посна торта со костени!

Костените се богати со диетални влакна, кои ги намалуваат мастите во крвта и содржи многу малку калории. Идеални се за зимските денови, особено ако направите вкусна торта од нив.

Тесто: 200гр ореви; 150гр мед; 250мл сок од портокал; 200гр шеќер; 2 ќесички ванилин шеќер; 300гр брашно; 1 лажица какао; 1 прашок за печење и 100мл масло.

Фил: 750гр пире од костени; 50гр џем од кајсија; 200гр сечкани ореви; 3 лажици рум.

Прелив: 200 гр чоколадо; 1 лажица масло.

Измешајте ги сите потребни состојки за кората. Во загреана рерна, се пече на 180 степени околу 40 минути. Кога ќе се олади, кората се дели на три дела.

Фил: Измиксирајте костен пире, џем, рум за се заедно да се соедини и додадете искршени ореви.

Редете ред кора, ред фил и на крај прелијте со стоено чоколадо. Декорирајте со ореви.

 

Поврзани статии

Back to top button