Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ангела Ѓоргиева

Денешниот рецепт со вас го споделува модната блогерка и моделот Ангела Ѓоргиева. Таа е млада и успешна, позитивна и уникатна. 

Утрото ми започнува со гушкање со моето кученце и обврските околу него. Прошетката е тоа што најмногу ме расонува, а потоа следува смути за дополнителна енергија и витамини. Додека го пијам утринското кафе проверувам Instagram, или гледам некое видео од моите омилени канали на youtube, од каде секојдневно црпам инспирација. Правењето на “to do” е нешто што почнав да го практикувам одкога почнаа да ми се зголемуваат обврските и сметам дека ми помага денот да ми биде исполнет и продуктивен. Денот ми завршува со топол чај, пуканки и добра серија на Netflix.

Позитивната мисла привлекува позитивни вибрации, така што трудете се да ги ширите што е можно повеќе

Поврзани статии

Back to top button