Ќе си ја гризнеш некогаш душата…

Ќе си ја гризнеш некогаш душата,
онаму кај што ти оставила бакнежи ќе посакаш да и ја најдеш устата,
па ќе налеташ на празнина и ќе се гризаш
како што те гриза тебе болката,
до срж,
до солзи кои ги сокриваш од сите,
до врисок што не те остава да заспиеш
Кога во празна соба ќе ја побараш насмевката
па ќе те убие некоја глува тишина
И ќе ти речат- Заборави ја…Не беше вистинска!
Ќе ги погледнеш и ќе изустиш- Да, не беше!
А знаеш во себе,
за тебе е единствена, од сите други различна и посебна
Кога ќе ја нема, ќе ја бараш
во сенки,
низ векови,
во туѓи погледи,
низ сечии допири…
И нема да ја најдеш штом ќе замине…
а тогаш ќе потонеш…и кај што те љубела, ќе си ја гризаш душата!

Маја Спасовска

loading...