ЖивотУбави совети

Добри деца не се раѓаат – Добрите деца ги одгледуваат добри родители!

Не е лесно да се биде родител. Породување, доење, исхрана, болест… Плус сите нови правила во образованието. Добри деца не се раѓаат. Добрите деца ги одгледуваат добри родители. Иако вистински рецепт за добар родител не постои, ние, врз основа на долгогодишно искуство и различни истражувања, направивме 10 родителски правила кои, ако ништо друго, ќе ви помогнат да не сте родители кои прават едно, друго мислат, а трето очекуваат од детето.

  1. Не го терајте детето да не троши време на неговиот мобилен телефон, ако цел ден вие седите со мобилниот во рака.
  2. Не инсистирајте на тоа детето да оди на неколку спорта, јазик и разни обуки, а вие да седите постојано во просторијата пред телевизорот.
  3. Не гответе здрава храна за вашето дете, додека вие јадете пица и чоколада, со задолжителна цигара по оброкот.
  4. Не очекувајте вашето дете да чита книги, ако вашата последна прочитана книга е Малиот принц во основно училиште.
  5. Не очекувајте вашето дете да биде мирно, избалансирано и добро образовано, а на вас да ви биде дозволено да викате, да употребувате пцовки и да повишувате тон.
  6. Не му купувајте куче расно и со педигре, а да урлате и удирате по кучињата скитници на улица.
  7. Немојте да очекувате детето да го сака и да го почитува училиштето, додека пред него кажувате за наставникот дека е глупав, арогантен или необразован.
  8. Немојте да бидете презафатени за вашето дете, а потоа да се релаксирате со фудбал, во салон за нокти или во кафуле.
  9. Не смеете да бидете неодговорни кон детето, да заборавате да го земате од училиште, да платите екскурзија или да појдете на негов натпревар.
  10. Немој да бидете сурои кон вашите стари родители, а потоа да барате од своите деца да ве почитуваат.

И никогаш, никогаш не заборавајте дека децата ги гледаат своите родители. Сè што кај нив ви смета е ваша вина! Експертите велат дека од седмата година, детето ги прифаќа вредностите и однесувањето од неговата околина. Затоа е важно да се однесувате како што сакате вашите деца да се однесуваат, но од најраниот период на растење.

Поврзани статии

Back to top button