Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Денеска гледаме одлична комедија која ќе не забавува и релаксира за убав неделен ден.

Филмот “The Intern“ е напишан и режиран од Ненси Мејерс, а главните улоги ги толкуваат Роберт Де Ниро, Ен Хатавеј и Рене Русо.

Филмот ја следи приказната на еден пензионер кој сфаќа дека му е здодевно и одлучува да стане практикант во еден важен сајт за мода. Тој мора да се прилагоди на начинот на кој функционираат работите денес и сето тоа ќе биде по малку комплицирано за еден стар човек… Но, од друга страна ќе покаже дека искуството и годините никогаш не излегуваат од мода.

Поврзани статии

Back to top button