ЖивотУбави совети

Мус од праски кој потсетува на лето!

Овој пат ви подготвивме рецепт за мус од праски кој дава интензивен вкус и мирис на лето во само една чаша!

Потребни состојки:

10 праски
2дл свежо исцеден сок од лимон
3дл вода
лажица желатин
70гр шеќер
250мл шлаг
неколку лисја нане

Подготовка:

Излупете ги праските, исечете ги на мали парчиња и ставете ги во блендер. Додадете го сокот од лимон и блендирајте додека не добиете густо овошно пире. Оставете ја смесата во блендер додека не го подготвите следниот чекор.

Истурете ја ладната вода во помала тава, додадете желатин и мешајте додека не се соедини. Оставете го 4-5 минути, а потоа додадете го шеќерот и ставете ги на загреана плотна. Гответе 1-2 минути, постојано мешајќи, додека шеќерот не се стопи.

Додадете ја смесата од желатин во пирето од праски и блендирајте додека не се соединат состојките. Префрлете ја целата смеса во тавата и оставете ја во фрижидер барем 2 часа додека смесата не се зацврсти.

За ова време изматете го шлагот и додајте го во изладената мешавина од праска. Добро измешајте и пренесета ја смесата во стаклени чинии. Гарнирајте со лисја од нане и парчиња свежа праска. Уживајте!

Поврзани статии

Back to top button