ЖивотУбави совети

Врска со вашиот најдобар пријател: Паметна одлука или грешка?

Врска со најдобар пријател е, од една страна, многу примамлива идеја, бидејќи најдобрите пријатели најчесто се луѓе кои ја знаат секоја верзија на нашата личност, причината за секое нервно избувнување и како да нè натераат да се смееме во најтешките моменти. Оваа личност е со вас секогаш кога ви е потребна, и нема подобро чувство отколку да бидете сигурни и сакани.

Но, дали тоа значи дека врската со вашиот најдобар пријател е вистинска одлука? Дали сте сигурни дека го сакате него или само начинот на кој тој ве третира? Дали навистина сте за заљубени во оваа личност?

Некои експерти велат дека влегување во врска со вашиот најдобар пријател е клучот за пронаоѓање на сродна душа за долг и среќен живот, додека други велат дека ова е најголемата грешка што можете да ја направите затоа што губите еден од најважните луѓе во вашиот живот. Која е вистинската одлука во оваа ситуација? Не можеме да одлучиме за вас, но ви подготвивме список на работи што треба да ги размислите пред да одлучите емоционално и физички да му се предадете на пријателот.

Сексот менува се – Дали некогаш сте се сретнале со човек кој едноставно бил неодоливо привлечен за вас, но во кревет сосема друга приказна? Можете ли да го замислите најдобариот пријател во таа ситуација? Дали сте сигурни дека можете да „направите“ вакви работи без непријатности? Исто така, не заборавајте дека „привилегираните пријатели“ ретко завршуваат повторно како пријатели.

Можност да го изгубите засекогаш – Ако веќе некогаш сте изгубиле пријател веројатно знаете колку е тешко. Ако го промените пријателскиот одснос за да запловите во љубовна врска огромни се шансите после тоа никогаш повеќе да не можете да го гледате како пријател ако врската не ви успее.

Тој премногу знае за вас – Колку и да ве сфаќа и поддржува во се додека ви е пријател, потоа работите ќе се сменат. Па ни вие немате ист однос со партнерот и со пријателите. Некои работи од минатото не можете да ги избришете од неговиот ум.

Во иднина ќе немате најдобар пријател – Ако најдобриот пријател ви стане партнер на кого ќе му ги кажувате проблемите кои ги имате во врската?

Поврзани статии

Back to top button