Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Верче Стојанова

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денес се дружиме со младата Верче која секојдневно плени и мотивира со своите аутфити на социјалната мрежа Инстаграм!

Утрото е пропратено со доза на сарказам зошто не се родив принцеза и зошто мора да се оди на работа (да не бидам сфатена погрешно, си ја обожавам работата), варам кафе, спремам доручек, одбирам аутфит.

Верувам дека намалување со користење на социјални мрежи ја зголемува продуктивноста и влијае врз поквалитетен живот, проверувањето нотификации, одговарањето на мејлови и пораки го правам во автобус а не веднаш по отварање на очи наутро. Препорака од мене е да пробате Digital detox, тема на која зборувам на Инстаграм. 

Разговор со мајка ми е задолжителна активност во текот на денот, средби со пријателите и пешачење.

И секако, неизоставен дел од мојот ден е гледањето на филмови или серии како начин на кој се опуштам пред завршувањето на денот.

Поврзани статии

Back to top button