ЖивотУбави совети

Десерт за овој викенд – се подготвува за 15 минути !

Ако не можете да одолеете на слатки, тогаш изберете здраво да јадете! Овој викенд ви подготвивме рецепт за здрави бисквити од гранола. Станува збор за многу вкусно и здраво слатко задоволство, кое ќе го подготвите многу брзо. Ви требаат само 15 минути и само неколку состојки за да ги подготвите овие вкусни бисквити.

Сè што ви треба е …

Банана, гранола, темно чоколадо за готвење и по желба може да додадете кандирано овошје или јаткасти плодови.

Подготовка: Добро испасирајте ја бананата со вилушка па додадете ги парчињата гранола и измешајте добро за да ја задржите смесата компактна. Во добиената смеса изрендајте го чоколадото и повторно добро промешате. Формирајте ги бисквитите од смесата и ставете ги на плех за печење, наредени со хартија за печење. Печете ги колачињата на 180 степени околу 10 минути.

Добар апетит!

Поврзани статии

Back to top button