Археолошки локалитет кој вреди да се посети

Античкиот град Стоби, се наоѓа во близина на Градско, помеѓу Велес и Неготино. Овој град се наоѓал на територијата каде некогаш живеело старомакедонското племе Пајонци, која во времето на Филип Втори била во состав на Македонската држава. Уште од тој период, градот Стоби бил важен стратешки воен центар, но и значаен културен, сообраќаен и трговски центар. Овој свет статус Стоби го задржал и за времето на Римската империја. Тогаш го доживеал својот најголем развој. Во 386 година Стоби станал главен град на провинцијата Македонија Салутарис. Христијанството рано се јавило во овој град. До 8ми век Стоби бил седиште на епископија.

Урбаниот дел на стариот град Стоби се наоѓа на три тераси кои се спуштаат кон Црна Река и кои опкружени со ѕидови, на утоката на Црна во Вардар. Познато е дека таму минувале главните патишта што ги поврзувале областите на Дунав со медитеранските земји. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров навлегувале и културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат што ги поврзувал централните области на Македонија со Јадранското море. Во римскиот период по текот на Црна Река водел значаен пат, што го поврзувал Стоби со Виа Егнатија кај Хераклеја Линкестида, близу до денешна Битола. Така, градот Стоби зафаќал значајна трговска, стратегиста и воена позиција во античкиот период.

Во урбаниот комплекс се наоѓаат повеќе откриени објекти и градби како што се: епископска резиденција, полукружен плоштад, театар, синагога, куќа на псалмите, голема бања и други објекти кои се значаен печат на времето и на минатото.

loading...